Во тек е акција на финансиската полиција во Прилеп. Според неофицијални информации приведени се 27 лица поврзани со сомнежите за сторен криминал во работењето на прилепската болница.
По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп постапува Управата за финансиска полиција во болницата во Прилеп. Од Обвинителството соопштија дека се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата болницата. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали ќе бидат утре.
Според сознанијата на ТВ21, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително и поранешната директорка и други раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра.