сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Полициска акција во Дортмунд: Српски државјанин пукал во полицаец, па се забарикадирал...

Полициска акција во Дортмунд: Српски државјанин пукал во полицаец, па се забарикадирал во куќа и држи деца како заложници

172
EPA/FRIEDEMANN VOGEL

Во германскиот град Дортмунд се одвива голема полициска акција, а според информациите од јавниот сервис WDR, маж се забарикадирал во куќа со најмалку две деца. Полицијата ја опишува ситуацијата како сериозна безбедносна закана, а не како заложничка криза, пишува WDR. Bild наведува дека мажот е од српско потекло.

Според германските медиуми, српски државјанин претходно предизвикал инцидент во ресторан, каде што мавтал со палка, им се заканувал на гостите и употребил солзавец, пренесува Bild.

После тоа, тој избегал со автомобил, а кога полицијата, по повик од жена која побарала помош, пристигнала во станбено-деловна зграда на улицата Витбројкер Штрасе во населбата Хехстен во Дортмунд, мажот излегол пред зградата и, според извештаите, пукал во полицаецот со пиштол од мал калибар.

„Еден проектил го погодил заштитниот елек на полицаецот кој учествувал во интервенцијата“, изјавил портпаролот на полицијата вечерва, пренесува Bild.

„Според досегашните информации, полицаецот добил полесни повреди“, додаде тој.

Потоа човекот избегал во куќа, каде што наводно држи две деца како заложници.

Според информациите од WDR, осомничениот потоа се повлекол во куќата со најмалку две деца. Се претпоставува дека станува збор за неговите деца, бидејќи е татко на три мали деца.

Специјалната полициска единица (SEK) моментално е на терен. Голем број полицајци се вооружени со автоматско оружје, а распоредени се и неколку амбулантни возила и медицински екипи.

Улицата Витбројкер во Дортмунд е целосно затворена поради полициска акција.

ИЗДВОЕНИ