Полицијата во демократска Америка ги тепа и ги гази со коњи демонстрантите/ВИДЕО

780
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, по судирите во калифорнискиот град за време на протестите против масовните апсења на илегални имигранти.

– Претседателот Трамп потпиша претседателски меморандум кој предвидува распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда за справување со беззаконието на кое му е дозволено да цвета – наведоа од Белата куќа.

Нови снимки од Америка денес го обиколуваат светот. Имено, тие прикажуваат како американската полиција ги гази блокадерите со коњи и ги тепа безмилосно!

Најмалку 56 лица беа уапсени во центарот на Лос Анџелес поради учество во протести против рации врз имигранти, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека демонстрантите биле уапсени затоа што ги игнорирале предупредувањата за разидување откако собирите во центарот на Лос Анџелес биле прогласени за нелегални, објави NBC.

Се забележува дека меѓу уапсените е лице кое наводно фрлило молотов коктел кон полицаец, како и лице за кое се тврди дека со мотоцикл се упатило кон кордон полицајци, при што еден од нив бил повреден.

ИЗДВОЕНИ