Полицијата уби 15-годишно момче по грабеж на велосипед во Холандија

18

Петнаесетгодишно момче е идентификувано како осомничениот кој беше застрелан од холандската полиција во близина на Ротердам по пријава за наводен вооружен грабеж.

Пукањето следеше по грабеж на велосипед во кој осомничениот наводно користел огнено оружје, а локалната полиција го застрела и го уби момчето во ресторан за брза храна на „Мекдоналдс“ во покраината Јужна Холандија.

Полицијата уапси уште едно лице во врска со грабежот што се случи доцна попладне, објави „NL Times“.

Службата е одговорна за истражување на сите случаи во кои полицијата користи оружје за да утврди дали се почитуваат правилата и процедурите. Потоа ги доставуваат своите наоди и препораки до јавното обвинителство, кое одлучува дали да поднесе кривични пријави против вклучените полицајци, објавува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ