Полицијата досега лишила од слобода 20 лица во врска со пожарите во земјава. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека дел од приведените се во куќен притвор, дел се во ефективен притвор, а дел се пуштени на слобода затоа што се малолетници.
Ставен е под контрола пожарот кај селото Николич, Општина Дојран. Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, вели дека пожарот бил многу тежок за гаснење.
– Да прашам како би се чувствувале да раководат со стотина луѓе што гаснат пожар на територија на која има илјадници вакви неиспукани гранати од Првата светска војна. На секој еден пукот од испукана граната внатре во огнот, се губи по една година од животот, а се враќаме во нормала дури откако ќе разбереме дека сите луѓе се во ред и дека нема повредени. Господ да нè чува сите, а јас, како и досега, ќе бидам до рамо до рамо со сите вас – вели Михаилов
Полицијата досега лишила од слобода 20 лица во врска со пожарите во земјава. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека дел од приведените се во куќен притвор, дел се во ефективен притвор, а дел се пуштени на слобода затоа што се малолетници.
– Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите. Оние што постапуваа индивидуално во рамки на палењето пожари – ги фативме. Не сите, но фативме добар дел од нив. Но оние што се организирани, особено првиот ден кога настанаа огромен број пожари околу Скопје и имаше многу симптоматична и временска и подрачна појава на пожари околу витални објекти од значење на државата, имаме основани сомненија дека станува збор за организирана група и ќе видиме понатаму која ѝ била целта – рече Тошковски.
Министерот истакна дека Владата навреме презела мерки и донела наредба за забрана за движење во шумите и дека има ефекти, без разлика што, како што вели, „ова лето е, можеби, најжешкото од аспект на сувоста на вегетацијата“ и дека граѓаните може да го видат тоа.
– Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од тоа што го имала државата како одговор во минатото, и тоа е видливо на терен. Видливо на терен е од аспект на силите што ги имаме, од аспект на механизацијата и дејствата што ги презема Владата, навреме донесе забрана за движење во шумите и сето тоа дава резултат за разлика од претходно – изјави Тошковски.
Инаку, вчера до 12:00 часот имаше пет пожари на отворен простор во државата, од кои три се активни, и тоа во Општина Велес гори мешана шума кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци. Пожарот меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод зафати деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Во Општина Василево, кај селото Нивичино, гори нискостеблеста шума.
Под контрола е ставен пожарот кај селото Николич, Општина Дојран. Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, вели дека пожарот бил многу тежок за гаснење.
– Да прашам како би се чувствувале да раководат со стотина луѓе што гаснат пожар на територија на која има илјадници вакви неиспукани гранати од Првата светска војна. На секој еден пукот од испукана граната внатре во огнот, се губи по една година од животот, а се враќаме во нормала дури откако ќе разбереме дека сите луѓе се во ред и дека нема повредени. Господ да нè чува сите, а јас, како и досега, ќе бидам до рамо до рамо со сите вас – вели Михаилов.
Целосно е изгаснат пожарот во Општина Чучер Сандево, кај селото Горњани, каде што гореше нискостеблеста шума.
– Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и на гаснење на активните пожари. ЦУК апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не предизвикуваат пожари, особено во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари – велат од Центарот за управување со кризи.
(С. Бл.)