понеделник, октомври 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата приведе малолетник кој дивеел со мотор на едно тркало низ Штип/ВИДЕО

Полицијата приведе малолетник кој дивеел со мотор на едно тркало низ Штип/ВИДЕО

1

Шеснаесетгодишник од штипско е повикан на разговор во полиција откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како вози мотоцикл на едно тркало и го загрозува сообраќајот.

Од СВР Штип информираат дека малолетникот бил пронајден на 18 октомври, а со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. При проверките било утврдено и дека управувал мотоцикл пред да се стекне со право за тоа.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следува соодветна пријава против малолетникот.

ИЗДВОЕНИ