Полицијата објави официјални детали за осомничените за нападот на Бонди Бич во Сиднеј: масакрот го извршиле татко и син

376
Фото: EPA/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Полицијата на Нов Јужен Велс во Австралија објави официјални информации на својата веб-страница за осомничените за масакрот на Бонди Бич во Сиднеј, во кој загинаа 16, а 38 лица беа повредени. Постариот напаѓач, на возраст од околу 50 години, беше убиен и почина на местото на настанот, додека помладиот маж (24) беше ранет по размена на оган со полицијата, пренесе „Би-би-си“.

Според началникот на полицијата Мал Ланион, двајцата се татко и син, објавува Скај њуз. Исто така, нема индикации дека имале соучесник, или дека наводно имало трет напаѓач.

Тој беше однесен во болница како и сите други повредени во пукотницата. Тој е под посебен надзор на силни полициски сили.

Досега се познати двајца осомничени напаѓачи. Едниот беше убиен од полицијата, а другиот е маж по име Навед Акрам (24), кој живее во Сиднеј.

ИЗДВОЕНИ