Полицијата објави меѓународна потерница по Саит Саитов кој избега по ударот во жената- пешак во Капиштец

346

Полицијата објави Меѓународна потерница по Саит Саитов ,18 годишниот возач кој без дозвола со автомобил удри во жена во населбата Капиштец во Скопје и избега од местото и ја напушти државата. Жената од повредите од ударот почина во болница.

-Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик, пишува покрај неговата слика.

Осомничениот 18-годишник на 9 јануари,  по улицата “Народен Фронт” управувал автомобил “Фолскваген пасат’’ и со возилото направил непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.
-При такви услови со возилото удрил во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала, соопшти ОЈО Скопје за истрагата.

На Саитов му помогнале да избега преку границадвајца осомничени, маж и жена, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце.

 

ИЗДВОЕНИ