Полициски службеници лишиле од слобода 65-годишен штипјанец и 46-годишна велешанка поради постоење на основи на сомнение за строена измама и злоупотреба на лични податоци, така што нудејќи работа преку интернет побарале лични податоци од оштетена, кои подоцна ги злоупотребиле и во нејзино име аплицирале за брз кредит.
На оштетената и се дадени обележани банкноти за да му ги даде на лицето кое и се јавило и побарало да ги предаде парите на лице кое ќе дојде со такси возило на локација во Велес. Откако ги предала парите, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К., кој го управувал возилото и Т.К., која била во возилото. Со нив е извршен службен разговор во просториите на СВР Велес, а по добиена судска наредба извршен бил претрес во домот каде престојува Т.К., при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела. При извршениот службен разговор со Т.К., констатирано е дека истата во содејство со П.С., кој е на издржување на казна затвор во КПД Штип сториле повеќе кривични дела на истиот начин. Од страна на затворски службеници во КПД Штип извршен е претрес на П.С., од кого е одземен еден мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.