вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата лиши од слобода возачи од Скопје и Куманово – двајца возеле...

Полицијата лиши од слобода возачи од Скопје и Куманово – двајца возеле без положен возачки испит, а еден под дејство на алкохол, одземени им се возилата

21

Три лица биле лишени од слобода во текот на денешниот ден, а нивните возила биле одземени поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

На 03.02.2026 во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено, соопшти МВР.

Исто така, од МВР соопштуваат дека на 03.02.2026 во 13:00 часот на улица “Јустинијан први” во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

Лишен е од слобода и кумановец кој управувал возило со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено.
Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта. Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземенос, соопштија од МВР.
Пд МВР соопштија дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.

ИЗДВОЕНИ