Полицијата лиши од слобода криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци

49

Полициски службеници од СВР Штип вчера во 11.45 часот во Штип го лишиле од слобода Е.М. (36) од Штип. Тој бил баран по централна поерница врз основа на судска наредба за доиздржување казна затвор од 11 години и 8 месеци за сторени кривични дела.

-На 06.06.2025 во 11.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.М.(36) од Штип. Тој бил баран по централна поерница врз основа на судска наредба за доиздржување казна затвор од 11 години и 8 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236, член 382, член 383, член 215 и член 396 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

ИЗДВОЕНИ