Полицијата го приведе сопственикот на депонијата кај Визбегово која од сабајлево гори. Црниот у густ чад кој се издига го прекри пола Скопје, граѓаните се загрижени.
Во моментот на приведувањето сопственикот давал отпор на полицијата по што настанала и физичка пресметка. На местото на настанот била нападната и телевизиска екипа од страна на вработен на депонијата и според некои информации, тој ја скрил камерата на екипата.
Пожарот се уште не е локализиран и постои опасност да се прошири кон соседните куќи. Доколку има потреба можна е и евакуација на населението.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека во моментов интервенира еден „ер трактор“.
Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш вели дека на локацијата не гори депонија, туку приватен отпад. Тој е зачуден како се запали отпадот.
– Навистина не знам. Сега пожарот е само на едно место, таму каде што се запали. Претходно се ширеше кон нивите, но беше локализиран. Сега стигна „ер трактор“ и исфрла вода – вели Дудуш.