Полицијата го идентификуваше вооружениот човек кој денес уби две деца во училиште во Минеаполис како Робин Вестман, изјавија за „Си-ен-ен“ повеќе службеници за спроведување на законот запознаени со случајот.
Инаку, најмалку две деца беа убиени во пукотница во Минеаполис за време на училишна миса по повод првата недела од школувањето, соопшти полицијата, пренесе „Ројтерс“.
Вооружениот човек, кој е мртов, е идентификуван како Робин Вестман, изјавија за „Си-ен-ен“ повеќе службеници за спроведување на законот информирани за случајот.
Децата, на возраст од шест до 14 години, се лекуваат од повреди во локална болница, а некои се во критична состојба.
Службениците велат дека стрелецот пукал низ прозорци кон луѓе што седеле на клупи, ранувајќи најмалку 17 лица.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди сите американски знамиња на јавните згради да бидат спуштени на половина копје до зајдисонце во недела, во спомен на жртвите од денешното масовно пукање во Минесота.