Полицијата го идентификуваше осомничениот за убиството на амерканската сенаторка и нејзиниот сопруг

118

Поранешен помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц, е осомничен за убиството на државна претставничка и нејзиниот сопруг, како и за обидот за убиство на сенатор, соопштија полициски извори, пренесе Си-би-ес њуз. Потрагата по него се уште е во тек.

Ванс Лутер Боелтер наводно се претставил како полицаец кога пукал и сериозно ги ранил сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга во нивниот дом во Чамплин рано наутро во саботата, пред да се упати кон домот на поранешната претседателка на Претставничкиот дом Мелиса Хортман – каде што наводно ја убил неа и нејзиниот сопруг.

Педесет и седумгодишниот Боелтер бил назначен во Одборот за развој на работната сила во Минесота од страна на гувернерот Волц во 2019 година за четиригодишен мандат, покажуваат официјалните документи.

Претходно работел во истото тело под тогашниот гувернер Марк Дејтон во 2016 година.

Во неговата биографија се наведува дека д-р Венс Боелтер е извршен директор на „Ред Лајон Груп“, компанија со седиште во Демократска Република Конго, и на „Преторијанската гарда секјурити сервисис“ во Минесота. Има диплома за меѓународни односи од Државниот универзитет „Сент Клауд“, магистерска диплома по менаџмент и докторат по лидерство во образованието и јавната служба од Универзитетот „Кардинал Стрич“ во Милвоки, Висконсин.

Работел за неколку големи компании, вклучувајќи ги „Нестле“, „Дел Монте“, „Тесоро“, „Маратон Спидвеј“ и „7-Елевен“, во операции, технички услуги, контрола на квалитет и континуирано подобрување.

Боелтер има искуство во Источна Европа, Блискиот Исток и Африка, а моментално живее во Минесота со сопругата Џени и нивните деца.

Во автомобилот на осомничениот биле пронајдени летоци со слоганот „Не на кралевите“, што е поврзано со планираните протести против администрацијата на Доналд Трамп, како и „манифест“ и список на политичари што наводно планирал да ги убие, соопшти полицијата.

Осомничениот бил облечен како униформиран полицаец и управувал возило кое изгледало идентично на полициски теренец – комплетно со светла и сирени, изјави началникот на полицијата Марк Брули.

На прес-конференција, гувернерот Волц ги нарече убиствата на Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг „политички атентат“.

ИЗДВОЕНИ