петок, јануари 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата бара возач во Гостивар: Прегазил 13-годишно девојче со автомобил и побегнал

Полицијата бара возач во Гостивар: Прегазил 13-годишно девојче со автомобил и побегнал

34

Тринаесетгодишно девојче е тешко повредено откако во него удрило автомобил, по што возачот избегал.

Сообраќајката се случила на улицата „Павле Аврамоски“ во Гостивар, вчера околу 12:30 часот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

-Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар, рече Реџепи.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на ОВР Гостивар и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ