четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицајка фатена како издава службени тајни – кажала дека ќе се демне...

Полицајка фатена како издава службени тајни – кажала дека ќе се демне со дронови

110

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе до Основното јавно обвинителство – Делчево кривична пријава против В. М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело одавање службена тајна по член 360 од Кривичниот законик.

Пријавената В. М., вработена како полицаец приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи – Штип, на 10.7.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број што го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејства за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.

Со ваквото дејство, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело одавање службена тајна. Одделот за внатрешна контрола против В. М. ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

 

ИЗДВОЕНИ