сабота, јануари 17, 2026
Дома БАЛКАН Полицајци во Србија се соочуваат со обвиненија за насилство на протестите

Полицајци во Србија се соочуваат со обвиненија за насилство на протестите

92

На 14 октомври се навршуваат два месеца откако беше обвинета српската полиција за употреба на прекумерна сила во текот на протестот на улиците на Ваљево и за брутално претепување на неколкумина учесници, јавува Н1.

Со обвинение за насилство во текот на протестите се соочуваат 28-мина полицајци во Србија. Адвокатите на натепаните демонстранти објавија дека поднеле кривични пријави против тие полицајци, меѓу кои се и началниците и командантите на полициската управа во Ваљево. Тие велат дека 27 жртви поднеле кривични пријави против 28-мина осомничени во текот на операцијата на интервентната група, во текот на ноќта.

Она што се случи ноќта помеѓу 14 и 15 август ја шокираше српската јавност, но досега ниту полициската управа ниту Генералното обвинителство во Ваљево не дадоа коментар за тоа.

ИЗДВОЕНИ