Полицајци вмешани во грабежот на злато во Гостивар

Со службено возило им го чистеле патот на разбојниците

552

Полицајци од кичевската полиција се осомничени за филмскиот грабеж во златарата во Гостивар на 10 октомври, кога беа однесени 18 килограми злато. Полицајците, заедно со други кои сеуште не се пронајдени, исковале план како да ја ограбат златарата во центарот на градот. Два дена претходно го извидувале дуќанот, а веднаш по грабежот со службениот автомобил им го „чистеле“ патот на двете возила со кои беше транспортиран златниот плен. Возилата подоцна беа пронајдени, едното запалено, а другото оставено во Кичево.

-Осомничените, на 10 октомври, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото било пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар, ги објави деталите МВР од истрагата за грабежот на деценијата.

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против полицајците, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело – Разбојништво од член, велат од ОЈО Гостивар и бараат од судијата на претходна постапка да определи мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречуваат постапката со прикривање на доказите  и со влијание врз сведоците, како и опасност да го повторат делото.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ