сабота, февруари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се...

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам во станица

174

Полицаецот по кој се трагаше во врска со истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, утрово се пријавил во полициска станица, потврдуваат од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

-Осомничениот утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка, потврдуваат од Обвинителството.

Според информациите, веднаш по неговото појавување, бил спроведен пред надлежен судија на претходна постапка, каде ќе му биде одредена понатамошната мерка согласно барањето на Обвинителството.

Овој случај е дел од пошироката истрага во која се опфатени вкупно 48 лица – 45 физички и 3 правни, осомничени за тешки дела против општата сигурност. Пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 61 лице, а беа повредени речиси 200 лица, ја потресе јавноста и поттикна обемна истрага и кривични постапки против низа поранешни и актуелни функционери.

ИЗДВОЕНИ