Полицаец погоди новинарка со гумен куршум додека известуваше за хаосот во Лос Анџелес/ВИДЕО

102

Ситуацијата во Лос Анџелес ескалираше откако илјадници демонстранти излегоа на улиците како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за распоредување на Националната гарда. Според извештајот на порталот 9News, за време на протестот биле запалени автомобили, употребени биле солзавец и гумени куршуми…

Се појави видео од новинарката на 9News, Лорен Томаси, која е погодена од гумен куршум додека известува. Томаси беше меѓу демонстрантите и извести дека полицајците ги предупредиле луѓето да се оддалечат од одредена област, но демонстрантите одбиле.

Според локалните медиуми, таа била погодена од полицаец со гумен куршум испукан од блиска далечина.

До раните вечерни часови, многу од демонстрантите се повлекоа. Ова е трет ден од протестите против репресијата на Доналд Трамп врз имигрантите во регионот.

Околу 2.000 припадници на Националната гарда на улиците на Лос Анџелес: Хеликоптери на небото, демонстранти на земја

ИЗДВОЕНИ