Поларно првото утро во 2026 година во Македонија: Измерени минус 15 степени!

34

Првото утро од 2026 година е поларно насекаде во Македонија со многу ниски температури на воздухот и ведро и претежно тивко време без некој изразен ветер. Најладно утрово до 7 часот беше на Попова Шапка со измерени -15 степени. Во Берово ова утро температурата се спушти до -14 степени.

На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро по градови и места во Македонија до 7 часот и тоа на мерните станици на УХМР.

ИЗДВОЕНИ