Поларнен бран пристигна на Балканот: Регионот се подготвува за подранета и остра зима

32

Територијата на целиот Балкан е зафатена од поларна воздушна маса која се спушта директно од Русија.

Поларниот бран на Балканот ќе се задржи во текот на целата оваа недела и ќе условува многу ниски до екстремно ниски температури на воздухот. Наутро повторно тие во делови од Балканот ќе се спуштаа до околу, па  и под -20 степени.

Слична состојба во поглед на времето ќе имаме  и во целата земја, која исто така ќе биде под влијание на овој поларен бран од Русија.

По подолг период на стабилни и релативно топли ноемвриски денови, временските модели сега укажуваат на сериозно влошување на условите, со студени бранови, силни циклони и можни обилни снежни врнежи.

Според словенечкиот портал Siol.net и метеорологот Рок Носан од Meteoinfo, веќе од саботата, 15 ноември, регионот е под влијание на фронтални и циклонски системи кои ќе донесат почести врнежи. Студен воздух од север ќе навлезе кон јужните делови на Европа, поставувајќи основа за поинтензивни зимски услови во престојните денови.

Клучниот зимски механизам — поларниот вител — покажува невообичаено рано слабеење, предупредува Андреј Флис од „Severe Weather Europe“. Намалувањето на силата на овој голем атмосферски систем, кој вообичаено го задржува ледените маси над Арктикот, овозможува продор на студ кон јужните географски широчини.

Метеоролозите забележуваат и рано стратосферско загревање — сигнал што дополнително го зголемува ризикот од силни продори на арктички студ.

Следнава седмица се очекуваат два поизразени бранови: првиот во вторник навечер, а вториот од четврток до петок.

Моделите на Meteologix предвидуваат дека границата на снежните врнежи може да се спушти многу ниско, што значи можен снег и во низините. Првите снежинки во Србија би можеле да се појават меѓу 17 и 24 ноември, посочува метеорологот Иван Ристиќ.

Иако долгорочните прогнози секогаш се променливи, едно е сигурно: втората половина на ноември 2025 година ќе биде значително постудена, пораздвижена и нестабилна од досегашниот тек на месецот.

ИЗДВОЕНИ