Екипата на Лос Анџелес лејкерс ја започнаа сезоната со седум победи и три порази. Третиот пораз се случи ноќта помеѓу саботата и неделата, кога Атланта хокс го „прегази“ тимот на Лејкерс, што доста го налути тренерот Џеј Џеј Редик.
Непосредно пред овој натпревар, легендарниот кошаркар Пол Пирс истакна дека Лос Анџелес лејкерс треба да го продаде Леброн Џејмс.
- Лејкерс изгледа добро и треба да се ослободи од Леброн Џејмс. Лука е главен играч, и тоа им е јасно на сите. Погледнете како игра и што прави со топката и што може да направи Леброн сега. Јасно е дека Лука е плејмејкер. Леброн не е шутер, тој не се вклопува. Сакате да го претворите Леброн во Дрејмонд?! Немојте, луѓе, тој не е Дрејмонд! – истакна Пол Пирс.











