Тројца затвореници беа приведени во средата поради упатување смртни закани кон поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој ја издржува казната во затворот Санте во Париз, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Париз.
Приведувањето е извршено по објавувањето на видео снимено од затвореник и објавено на социјалните мрежи, во кое се упатуваат смртни закани по пристигнувањето на Саркози во затворот Санте, пренесува телевизијата BFM.
Францускиот министер за правда Жералд Дарманен изјави за CNews дека „некои од приведените ќе бидат во дисциплински затворски одделенија“, а други ќе бидат префрлени во други затвори.
Николас Саркози беше испратен во затворот Санте претходно оваа недела да ја издржи казната откако беше осуден за „криминален заговор“ и добивање пари од Либија за финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година.
Поранешниот шеф на државата во затвор има постојана заштита од двајца вооружени полицајци кои се менуваат на 12 часа.