недела, февруари 22, 2026
Дома БАЛКАН Покрај Плитвичките Езера, во најскапиот Титов комплекс, треба да никне азил за...

Покрај Плитвичките Езера, во најскапиот Титов комплекс, треба да никне азил за мигранти- Мештаните велат: не може

352

Според Пактот за миграција и азил, кој стапува на сила во јуни и е усвоен на ниво на ЕУ, потребно е мигрантите да се преместат во кампови на надворешните граници на Унијата. Како што се дознава неофицијално, во хрватскиот дел на комплексот изграден со осум милијарди долари во време на Студентата војна, две години треба да се градат згради за мигранти, а за тоа време Плитвичките Езера, кои годишно примаат по 50.000 посетители, би биле затворени за туристи

Жителите на хрвстската општина Плитвички Езера денеска се кренаа на нозе поради најавите за можна изградба на центар за мигранти во нивната заедница која со децении гради репутација на место за туризам со природна убавина.

Според Пактот за миграција и азил, кој стапува на сила во јуни и е усвоен на ниво на ЕУ, потребно е мигрантите да се преместат во кампови на надворешните граници на Унијата. Таму ќе одат мигрантите од земјите со стапка на признавање азил помала од 20 проценти, а во рок од максимум 12 недели ќе се одлучи дали имаат услови за азил или ќе бидат вратени во нивната матична земја.

Воениот аеродром Жељава, кој во времето на поранешна СФРЈ беше најсилно обезбедуваниот воен комплекс, сега би можел да стане центар за азил според европските директиви. Локалната самоуправа и жителите велат дека никој не ја консултирал заедницата и дека имаат различни планови за таа област. Општината Плитвички Езера го гледа воениот комплекс како музеј, планинарски дом, дом за стари и немоќни лица, училиште, полиција, но идеите со години беа отфрлани од државата, а подоцна и од округот, објави Дневник.хр.

-Кажете му на Загреб дека Лика нема да биде раселена, рече градоначалникот на Плитвички Езера, Хрвоје Матејчиќ.

Тој вели дека протестот се организира поради гласините за изградба на центар за мигранти во Жељава, каде што треба да бидат сместени 1.500 мигранти и помеѓу 100 и 200 полицајци и работници.

-Како единица на локална самоуправа, на чија територија се планира инвестиција и институција за толку чувствителен настан, не бевме контактирани ниту информирани за плановите на МУП. Нашата стратегија за развој е туристичка. Ние сме, заедно со Дубровник, најпознатата туристичка дестинација, изјави градоначалникот.

Како што се дознава неофицијално, во областа до тунелите на аеродромот Жељава кој се наоѓа о воен комплекс, кој е еден од најспектакуларните и најскапите објекти изградени во поранешна СФРЈ,во времето на Јосип Броз Тито, прво  треба да се изгради привремен центар за прием на мигранти. Таму би се поставиле 450 контејнери, а целата област би се оградила со жица. Според градоначалникот на Плитвички Езера во таа област, каде што нема вода, електрична енергија или канализација, мигрантите, вработените во Центарот и полицајците треба привремено да останат додека не се изградат згради во поранешната касарна.

Се очекува изградбата да трае најмалку две години, што значи дека сегашниот атрактивен дел кој годишно има по над 50.000 посетители ќе биде затворен во тој период.

Комплексот во кој е ародромот Жељава се градел 10 години, во времето на Студената војна, почнувајќи од 1958 година. Со вкупна цена од осум милијарди долари, тој во тоа време бил еден од најскапите објекти од таков вид во Европа. Дизајниран како подземен, аеродромот можел да прими околу 2.500 луѓе и имал простори за авиони, команден центар, сместување на персоналот и други клучни објекти. На врвот на базата, која била дизајнирана да може да издржи и нуклеарен напад , бил поставен радар со дострел од 1.000 километри.

И покрај импресивноста, судбината на аеродромот е трагична. За време на распадот на Југославија и војната што следеше, базата Жељава кратко време беше користена за воени цели пред да биде намерно уништена со експлозиви. Денес, остатоците од оваа некогаш моќна воена база се оставени да се распаѓаат, пистите се обраснати со трева, а влезовите во тунелите стојат како неми сведоци на минатите времиња.

Аеродромот се наоѓа на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, во близина на Бихаќ, и некогаш биеше клучна база на Југословенската народна армија. Областа каде што се наоѓа аеродромот беше спорна по пораспадот на СФРЈ, бидејќи многу граници во нејзини рамките не беа прецизно дефинирани. Денес, официјално е познато дека радарската станица во Пљешивица, подземниот дел од аеродромот и дел од пистата се под јурисдикција на Хрватска, додека другите писти се на територијата на Босна и Херцеговина.

ИЗДВОЕНИ