Што би направиле доколку отворите вреќа со грицки и во неа најдете Покемон? Не станува збор за вистински, туку крцкаво парче кое изгледа исто како познатиот Покемон Шаризард. Па, едно такво Cheeto неодамна беше продадено за неверојатни 88.000 долари.
Овој необичен Cheeto, наречен „Cheetozard“, е долг седум и пол сантиметри и е сместен во посебна кутија со покемон картичка. Аукциска куќа во Америка го стави на продажба, а луѓето наддаваат да го купат. Започна со понуда од само 250 долари, но брзо се претвори во вистинска битка меѓу колекционерите и на крајот, по 60 понуди, се продаде за 72.000 долари. Но, кога ќе се додадат трошоците на аукцијата, цената скока на 87.840 долари.
Иако „Четозард“ стана вистински хит, не го собори рекордот. Пред неколку години, друг Чито кој личеше на горилата Харамбе беше продаден за 100.000 долари. Тоа беше чипс во вредност од автомобил.