Веруваме дека многу изнајмувачи на станови би можеле да раскажат секакви хорор приказни за видот на станари со кои морале да се справат, но една дама од Санкт Петербург реши да го документира сето тоа за да не остане овој хорор само на зборови.
И таа пронашла импресивен свињарски штал оставен зад себе од семејство од три члена, брачен пар со мало дете, луѓе кои на почетокот оставале впечаток дека се целосно учтиви и пристојни.
Од постираното видео можеше да се види дека имаше ѓубре насекаде, од влезната врата до секој агол од спалните соби, собата каде што овие луѓе јадеа и пиеја и ги оставаа остатоците од храна покрај креветот.
За да биде приказната уште поинтересна, семејството го превртело станот наопаку за само 12 дена, а многумина коментирале дека газдарицата имала среќа што нејзините гости не останале неколку месеци подолго.
Интересно е што, за да се искупат, оставиле пари на подот, кои очигледно ги подготвиле како надомест за чистењето на газдарицата.











