Покачувањето на пензиите ќе се изгласа пред изборите

152
????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите треба да помине на Влада и веднаш потоа да биде испратено до Собранието. Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела најави дека се прават анализи за ново линеарно покачување на пензиите и дека одлуката ќе биде донесена наскоро. Мицкоски тогаш спомена и конкретна сума од 1.000 денари, за која би требало да се покачат пензиите за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата.

Но, за да има линеарно покачување на пензиите, потребна е измена на Законот бидејќи според актуелниот модел, тоа се врши процентуално. Исто така, законските измени треба да бидат донесени пред распишување на локалните избори, што треба да се случи на почетокот од август.

Премиерот вчера потврди дека ќе има линеарно зголемување на пензиите, бидејќи, како што кажа, тоа го барале пензионерите и дека предлог-законот со кој ќе се регулира тоа треба да помине на Влада и наскоро да се најде пред пратениците во Собранието.

– Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата – тој процент што треба да се зголеми, да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори.

 

 

ИЗДВОЕНИ