Јапонија егзекутираше човек кој убил девет лица во 2017 година, што е првата егзекуција во земјата од 2022 година. Сериските убиства извршени од Такахиро Шираиши, тогаш 30-годишен, ја шокираа јапонската јавност и отворија дебата за тоа како самоубиството се прикажува и коментира на интернет.
Жртвите биле претежно млади жени, на возраст од 15 до 26 години, кои Шираиши ги пронашол преку Твитер. Тој ги намамил во својот стан во градот Зами, недалеку од Токио, ветувајќи им дека ќе им помогне да умрат, а во некои случаи дури и тврдејќи дека ќе изврши самоубиство заедно со нив. Откако ќе ги намамел, тој ги задавувал и ги распарчувал нивните тела.
Полицијата ги откри злосторствата во октомври 2017 година, кога пронашла делови од тела во стан во Зама додека барала исчезнато девојче. Останките од девет лица беа пронајдени во фрижидери и кутии со алати, што ги наведе јапонските медиуми да го наречат станот „куќа на ужасот“.
🧵 The Chilling Story of Japan’s “Twitter Killer”
1/ Between August and October 2017, Takahiro Shiraishi, dubbed the “Twitter Killer,” murdered nine individuals in Zama, Japan. He used Twitter to lure vulnerable people struggling with suicidal thoughts to his apartment. pic.twitter.com/v83Zy86sfQ
— Undiscovered History (@HistoryUnd) May 5, 2025
На профилот на Шираиши на Твитер стоеше пораката: „Сакам да им помогнам на луѓето кои навистина страдаат. Ве молам пишете ми во инбокс во секое време.“
Тој призна дека убил девет лица кои размислувале за самоубиство. Обвинителите побараа смртна казна, додека неговите адвокати тврдеа дека станува збор за „договорно убиство“, наведувајќи дека жртвите се согласиле да бидат убиени и побараа проценка на неговата ментална состојба.
Но, самиот Шираиши ги оспори тврдењата на својата одбрана и изјави дека убивал без согласност на жртвите. Стотици луѓе се собраа на изрекувањето на пресудата во декември 2020 година. Тој беше осуден на смртна казна.
Овие убиства доведоа до промени во правилата за користење на Твитер, во кои последователно се наведуваше дека корисниците не смеат да „промовираат или охрабруваат самоубиство или самоповредување“.