четврток, јануари 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Поевтинуваат горивата, ова се цените кои ќе важат од утре

Поевтинуваат горивата, ова се цените кои ќе важат од утре

125

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 % во однос на одлуката од 11.04.2025 година.

Така, цената на дизелот од утре се намалува за 0,5 денари и ќе изнесува 64 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува непроменена ќе се продава по цена од 71,5 денари по литар. Се намалува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+, па од утре ќе се продава по 73,5 денари по литар, што е поевтинување за 0,5 денари. Поевтинува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по 64 денари, додека мазутот поевтинува за 0,7 денари и ќе се продава по цена од 37 денари.

Од 15.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,992 (денари/килограм)

ИЗДВОЕНИ