На 1 септември стапуваат на сила новите правила за одобрување возила, а се  однесуваат на постапките за одобрување на тип на возило, единечно одобрување на возило, идентификација и оцена на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.

За зајакнуваме на системот на доверба меѓу институциите и импортерите, со јасни правила и навремена услуга за граѓаните, вчера во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) се одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила во Македонија, а на кој учествуваа и од царинската управа и од Државниот пазарен инспекторат, како и од Бирото за метрологија, при што професорот Дарко Данев ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила.

Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, истиот конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди. Промените се резултат на детални анализи и обезбедуваат поедноставен, транспарентен и ефикасен систем, кој гарантира доверба меѓу институциите, импортерите и граѓаните.

– Го зајакнуваме системот на доверба меѓу институциите и импортерите, со јасни правила и навремена услуга за граѓаните. Ова е значаен чекор за приближување кон европските стандарди и подобрување на квалитетот на услугата која ја добиваат нашите граѓани – изјави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постои европско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип. За останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во земјава или не постои одобрение на тип во ЕУ. Импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, а за ваквите возила ќе се обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.

Грубата пресметка вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за ТÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало. Процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании.

Од МЕРМС информираа дека роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат двојно скратени, за побрза и поефикасна постапка, додека пак, цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник. Потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40-50 евра.

ИЗДВОЕНИ