Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се сретне со ниту еден друг руски претставник во Истанбул, освен со рускиот претседател Владимир Путин, изјави Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател.
Подољак рече дека евентуалната билатерална средба во Истанбул на пониско ниво нема смисла.
„Не, секако. Па, ова не е форматот“, рече Подољак, одговарајќи на прашањето дали Зеленски ќе се сретне со друг претставник на Русија ако Путин не дојде на состанокот, објави украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“.