Андреа Серафимовски е старо-нов претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија. Тој ќе биде на чело на Комората и во наредните пет години.

– Здружението ја реафирмира својата заложба да продолжи да дејствува во интерес на компаниите членки и на целокупната индустрија, преку следење на состојбите на пазарот, унапредување на законската регулатива и создавање предуслови за предвидлива, стабилна и поттикнувачка бизнис-клима. Во оваа насока, Здружението и во иднина ќе продолжи активно да соработува со надлежните институции, стручните организации и со другите релевантни чинители, со цел креирање политики што ќе обезбедат одржлив раст и развој на секторот – велат од Стопанската комора на Македонија.

Во следниот период на работење на Здружението, уште повеќе акцентот ќе биде ставен на: унапредувањето на процедурите за јавни набавки и инвестициски процеси; подобрувањето на техничките и на безбедносните стандарди во градбите; поттикнувањето на иновациите и модернизацијата во производството и градежните практики, како и на промовирањето одржливи и енергетски ефикасни решенија.

ИЗДВОЕНИ