Леброн Џејмс е повреден и не одигра ниту еден натпревар за екипата на Лос Анџелес лејкерс оваа сезона, но затоа неговиот син, Брони, се изнаигра за „езерџиите“ и навивачите со право велат: „Подобро е да не играше“.

Брони Џејмс не се подобри од својата руки-сезона во НБА и прашањето колку долго ќе го задржи Лејкерс, бидејќи остава сè послаб впечаток од натпревар на натпревар. Иако неговите минути се зголемија оваа сезона и сега игра нешто повеќе од 13 минути на натпревар, бројките не покажуваат дека е подготвен за ова ниво на кошарка и прашање е дали ќе беше во Лејкерс ако неговиот татко не беше еден од најдобрите на сите времиња.

Досега оваа сезона, тој одигра шест натпревари и постигна вкупно девет поени. Поточно, Брони Џејмс има просек од 1,5 поени, 1,8 асистенции и 0,8 скока на натпревар. Исто така, неговиот шут е катастрофален и моментално шутира само 21,4 проценти од поле (3/14 на шест натпревари).

Вкупно, досега одигра 34 натпревари во НБА и впечатокот е дека не е на ова ниво на кошарката, иако покажува солидни перформанси во одбраната, сегмент во кој тренерот Џеј Џеј Редик често го фали.

Сепак, се чини дека Леброн Џејмс и Лејкерс наскоро ќе се разделат, што би можело да го забрза донесувањето на одлуката за негов наследник.

ИЗДВОЕНИ