Поради скратената работна недела, даночните обврзници имаа на располагање пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг.
Од Управата за јавни приходи информираат дека иако законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, истиот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година.
– Важно е да се спомене дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес. Навременото исполнување на даночните обврски не само што придонесува за финансиска стабилност на деловните субјекти, туку и за правилно усогласување со даночните прописи, што е од клучно значење за стабилноста и ефикасноста на даночниот систем – информираа од УЈП.












