Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Ѓорче Петров и Бутел.

Во општината Ѓорче Петров, активностите се одвиваа во населбата Дексион, на последната постројка на автобусот број пет, каде што се подигнати приближно 60 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.
Во општината Бутел е интервенирано на улицата „Боца Иванова“, на влезот во градските гробишта, каде што се отстранети 90 кубни метри отпад одложени на сообраќајна површина.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане непрописното одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини, коешто директно резултира со создавање диви депонии, загадување на животната околина и загрозување на јавното здравје.

Во првата половина од 2025 година, од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје беа отстранети приближно 10 000 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

ИЗДВОЕНИ