четврток, јануари 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Подготвени над 40 проекти за вториот повик на Владата

Подготвени над 40 проекти за вториот повик на Владата

29

На вториот повик ма Владата за поддршка на општините, Општина Гостивар ќе аплицира со над 40 проекти. Како што истакна градоначалникот Ваљбон Лимани, тие се разновидни, од сите области и опфаќаат различни потреби на граѓаните.

– Има едно шаренило, инфраструктурни проекти, асфалтирање, фекална канализација, но и неколку спортски терени, детски катчиња и базен во ОУ „Гоце Делчев“. Потоа ревитализација на еден подолг пат и други. Сето тоа со цел да се опфатат сите сфери и секаде каде што има потреба, да им излеземе во пресрет на нашите граѓани – изјави Лимани, а во однос на одобрените проекти од првиот повик рече дека се заокружуваат административните процедури и со конкретни работи на терен ќе се почне штом ќе се создадат поволни временски услови.

 

 

ИЗДВОЕНИ