понеделник, февруари 23, 2026
Дома СКОПСКА Подготвени над 200 оброци, кои ќе бидат распределени во народните кујни на...

Подготвени над 200 оброци, кои ќе бидат распределени во народните кујни на Скопската епархија

42

Денеска, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и отец Оливер од хуманитарната организација „Свети Спас“ од Драчево подготвија над 200 оброци, кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската епархија.

– Мал гест, но со силна порака дека живее човечноста и дека не згаснува добрината. Свесни сме дека не можеме да помогнеме насекаде и на сите. Но, можеме да дадеме сè од себе за оние на кои им е најпотребно, за нашите сограѓани да знаат дека не се сами. Го правиме токму тоа со срце, со искреност и со вера – изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека отец Оливер е човек кого е благослов да го имаш покрај себе, дека секојдневно сведочи за дела достојни за длабока почит и дека се заедно уште од самото формирање на организацијата.

– Зад нас стојат бројни хумани дела, а пред нас – уште многу можности да правиме добро. Така и ќе продолжиме. Затоа што само преку добри дела, без разлика на политичката, верската, етничката или каква било припадност, можеме да создадеме насмевки и да внесеме светлина таму каде што недостига таа – истакна Ѓорѓиевски.

Скопскиот градоначалник ги повикува сите што можат, што имаат и што во срцето носат желба да помогнат, да ѝ се приклучат на оваа благородна мисија.

 

ИЗДВОЕНИ