четврток, февруари 12, 2026
Дома БАЛКАН Подгорица забрани некомерцијално размножување кучиња и мачки – следуваат парични казни за...

Подгорица забрани некомерцијално размножување кучиња и мачки – следуваат парични казни за прекршување на одлуката на градот

20
Фото: википедија

Сопствениците на кучиња и мачки во Подгорица нема да можат да ги размножуваат своите миленици до 2030 година, а потоа, некомерцијалното размножуање ќе биде дозволено еднаш во текот на нивниот живот, при што сопственикот ќе биде должен да го пријави.

Комерцијалното размножување е дозволено само ако сопственикот има одлука за регистрација на одгледувачницата.

Ова, меѓу другото, е предвидено во новата одлука за чување миленици на територијата на главниот град на Црна Гора, која стапи на сила на почетокот на годината.

Новата одлука е донесена петнаесет години откако Подгорица првпат ги пропиша условите и начинот на размножување миленици и постапување со напуштени и изгубени миленици на локално ниво.

Оваа реформа претставува важен чекор кон воспоставување посовремена, подетална и појасна законска рамка што поблиску ги регулира правата и обврските на сопствениците на домашни миленици, надлежните органи и компаниите, како и заштитата на граѓаните, животните и животната средина во оваа општина, соопшти Здружението за заштита на животните „Корина“.

Забраната за размножување кучиња и мачки е најголемата промена што ја донесе новата одлука. Покрај тоа, истакнува „Корина“, одлуката предвидува и задолжителна трајна (хируршка) стерилизација, или кастрација, за сите напуштени домашни миленици во градското подрачје. Доколку се случи неконтролирано размножување, сопственикот е, како што е предвидено, должен да се грижи за новородените домашни миленици или да ги сноси вистинските трошоци направени во засолниште за напуштени животни.

Одлуката, меѓу другото, забранува трајно и самостојно чување домашно милениче на адреса различна од местото на живеење или престојот на сопственикот, освен ако не станува збор за работно куче кое чува одреден објект или имот, под услов сопственикот да е под дневен надзор.

Прекршувањето на оваа градска одлука е казниво со парични казни од 50 до 5.000 евра, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ