Подгорица под чад: Граѓаните излегуваат само кога мораат, аптеките делат бесплатни маски

228

Пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а синоќа беа критични во Пипери, Кучи, Мрке и Петровиќи. Голем пожар изгоре и во населбите Диноша и Омербожовиќ во Тузи. Во текот на ноќта, храбрите спасувачи ги бранеа куќите и црквата во Пипери, како и зградите во другите населби. Според властите, пожарите се уште се активни на територијата на Подгорица, но најважно е што се под контрола.

Поради целокупната ситуација, Подгорица повторно се разбуди под чад, а Институтот за јавно здравје апелира на претпазливост бидејќи воздухот е загаден. Бесплатни заштитни маски може да се добијат од државните аптеки од денес.

„Кога излегуваме надвор, како да нема воздух, жешко е и се чувствува мирисот на изгорено. Воздухот ве пече во очите. Излегуваме на работа и во продавница и цело време сме под климатизација во затворени простори бидејќи не можеме да функционираме поинаку. Не се жалиме, бидејќи знам дека е сто пати потешко за пожарникарите кои се на терен и секојдневно се борат со пожари“, изјави Тања Бакиќ од Подгорица за РИНА.

Хеликоптер од Босна и Херцеговина денес ќе помогне во гаснењето на пожарот, како и возила и пожарникари од Австрија и Швајцарија. Хеликоптер од Босна и Херцеговина денес ќе го гаси пожарот во Горњи Мрке, а хеликоптер од Србија во областа Диноша.

Денес е Ден на жалост во Црна Гора откако помладиот водник на Војската на Црна Гора, Дејан Божовиќ од Даниловград, загина кога се преврте воена цистерна при гаснење на пожарот.

ИЗДВОЕНИ