Неколку десетици граѓани се собраа утрово пред судот во Нови Сад, за поддршка на граѓаните уапсени за време на протестите минатата недела. Сослушувањата на уапсените се закажани од 9 часот. Три полициски комбиња се распоредени околу судот, објавува 021.rs.
На собирот повикаа студентите во блокада на факултетите во Нови Сад.
„Затоа бараме укинување на притворот за сите политички затвореници и итна одлука за жалбите во законските рамки“, порачаа студентите во повикот за собирот.
Тие нагласија дека, доколку нивните барања бидат игнорирани, ќе бидат пред судот секој ден.
Инаку, испрашувањето на шесте осомничени за нападот врз припадниците на „Кобра“ на протестот пред просториите на СНС во Нови Сад траеше до три часот наутро.
По сослушувањето за петмина од нив е одреден притвор. Тие се испратени во затворот во Клиса. Едно лице е ставено во домашен притвор поради неговата медицинска историја.