Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека е пуштен во функција нов веб-портал за квалитет на воздухот, кој е достапен преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk.
– Податоците од сите мониторинг станици, како и досега, можат да се следат во реално време. Новина е што тие се споредуваат со новиот индекс, усогласен со Европскиот индекс за квалитет на воздух, кој се применува од 4 јули 2025 година. Веб-порталот нуди подобрени перформанси, анализа на надминувањата на граничните вредности во тековната година, како и годишни анализа за претходните години – соопшти Министерството.
Од МЖСПП додаваат дека е достапна и мобилна апликација за следење на квалитетот на воздухот, за Андроид и iOS, а линковите за преземање се објавени на веб-порталот.












