Податоци на 5,7 милиони клиенти на авиoкомпанијата „Квантас“ протекоа на интернет по кибернападот

17

Личните податоци на 5,7 милиони клиенти на „Квантас“, украдени во кибернапад во јули, се протекоа на интернет, потврди денес австралиската авиокомпанија, објави „Ројтерс“.

„Квантас“ е една од неколкуте компании ширум светот на кои им се протекоа податоци… податоци на клиентите украдени преку платформа од трета страна“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Квантас“ во јули соопшти дека хакерите нападнале систем што содржи чувствителни податоци за милиони клиенти, добивајќи пристап до нивните имиња, е-адреси, телефонски броеви и датуми на раѓање.

„Квантас“ потврди во неделата дека податоците се протечени на интернет и дека „истражува со помош на експерти за кибербезбедност“ точно за какви податоци станува збор.

ИЗДВОЕНИ