„Подадена рака, победата ќе биде историска“: Орце Ѓорѓиевски доби поддршка од ВРЕДИ

146
Foto: Facebook/Orce Gjorgjievski

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, имал средба со Изет Меџити и Башким Бакиу од Коалицијата ВРЕДИ од кои, како што објави на Фејсбук, добил искрена и силна поддршка за вториот круг од локалните избори.

„Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него“, порача Ѓорѓиевски.

– Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата Вреди, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје. Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска“ напиша Ѓорѓиевски на својата страница на Фејсбук.

ИЗДВОЕНИ