По сопствена иницијатива, Уставниот суд ќе поведе постапка по новите измени на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија што се направени во септември годинава, а ги отфрли старите измени на истиот Закон што беа со важност до 31 август 2025 година.

Со оглед на тоа што овие законски измени веќе не се на сила, експретседателката и сегашен член на Уставниот суд, Добрила Кацарска, предложи да се поведе иницијатива за членот 2 од тековниот Закон за ПИОМ, кој е на сила од 1 септември година и кој на ист начин ја третира иницијативата за поведување постапка на одлуката за линеарно зголемување на пензиите, која претходно ја имаат поднесено дваесетина луѓе, пред сè пензионери.

Од Управниот суд велат дека ќе се испитува дали членот 2 од посочениот Закон е во согласност со владеењето на правото и дали има дискриминација и повреда на правото на сопственост  

По сопствена иницијатива, Уставниот суд ќе поведе постапка по новите измени на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија што се направени во септември годинава, а ги отфрли старите измени на истиот Закон што беа со важност до 31 август 2025 година.

Имено, Уставниот суд вчера ја разгледуваше иницијативата со која се оспоруваат членот 3 и членот 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.193/24). Всушност, подносителите на иницијативата сметаат дека пензијата не е социјална категорија, туку секој пензионер има остварено различна висина на пензија во зависност од тоа колку години и во која висина уплатувал придонеси во Фондот за ПИОМ и, според нив, се прави дискриминација на една категорија пензионери што се со пониски пензии – да им се исплаќа поголем процент при покачување на пензиите, а на други помал процент или попрецизно, со покачување од 2.500 денари, на секој пензионер му се зголемува пензијата со различен процент.

Со оглед на тоа што овие законски измени веќе не се на сила, експретседателката и сегашен член на Уставниот суд, Добрила Кацарска, предложи да се поведе иницијатива за членот 2 од тековниот Закон за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, кој е на сила од 1 септември година и кој на ист начин ја третира иницијативата за поведување постапка за преиспитување на одлуката за линеарно зголемување на пензиите, која претходно ја имаат поднесено дваесетина луѓе, пред сè пензионери.

Од Управниот суд велат дека ќе се испитува дали членот 2 од посочениот Закон е во согласност со владеењето на правото и дали има дискриминација и повреда на правото на сопственост.

Со оглед на тоа што 24. седница на Уставниот суд сè уште не беше завршена до затворањето на весникот, од Уставниот суд најавија дека ќе соопштат повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Инаку, Комисијата за заштита и спречување од дискриминација (КЗСД) завчера утврди дека е направена дискриминација врз 12.000 пензионери што не го добија второто покачување од 2.500 денари со септемвриската пензија (првото од 2.500 го добија во 2024 година), бидејќи ги лишиле од тоа една недела пред да се донесат законските измени. Од КЗСД велат дека оштетените пријавуваат до нив и ги добиваат случаите.

– Овие наши 12.000 сограѓани се дискриминирани. На Министерството за социјална политика, демографија и млади, на Владата и на Собранието им е даден рок од 180 дена (шест месеци) да ги сменат членовите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои предизвикуваат нееднаков третман на пензионерите што не живеат во Македонија, а работеле тука и плаќале придонеси. Овие наши сограѓани не само што се дискриминирани во однос на второто линеарно покачување од по 2.500 евра туку и засекогаш, т.е. и со предвидените редовни усогласувања еднаш годишно, секој септември – се наведува во објавената одлука на Комисијата.

Оттаму посочуваат дека пензијата на иселените пензионери во странство станува пониска во однос на пензијата на лице со ист работен стаж и со ист основен износ, само поради различното место на исплата.

– Ова е нееднакво третирање без оправдана цел – заклучува Комисијата за дискриминација.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ