Почнуваат интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава

31

Овластените инспектори за животна средина на Општина Аеродром почнуваат со интензивни и континуирани контроли и мерења на прекумерна бучава, со посебен фокус на угостителските и туристичките објекти, со цел доследно почитување на законските одредби.

Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности. Во станбените објекти, во вечерниот период од 19:00 до 23:00 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 dBA, а во ноќниот период од 23:00 до 07:00 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 30 dBA.

За непочитување на законските норми предвидени се високи санкции, и тоа:  глоба од 6.000 до 7.000 евра за микро трговци, од 13.000 до 14.000 евра за мали трговци, од 37.000 до 41.000 евра за средни трговци, од 62.000 до 69.000 евра за големи трговци, како и глоба од 2.000 евра за трговец поединец.

Општина Аеродром упатува апел до граѓаните, доколку се изложени на прекумерна бучава, случаите веднаш да ги пријават на електронската адреса: [email protected]

 

 

 

ИЗДВОЕНИ