Почнува заедничка гранична контрола Јажинце-Глобочица со Косово

32

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со косовскиот колега Џелал Свечла се сретнаа денеска на граничниот премин Јажинце-Глобочица со цел да се означи почетокот на системот за заедничка интегрирана гранична контрола (познат по називот One Stop).

Тошковски нагласи дека сега ќе има побрз трансфер на патници со Република Косово затоа што заедничката контрола е воспоставена на двата гранични премини Блаце и Јажинце.

 

– Пуштање во функција на ГП Блаце се покажа како многу функционална, се се надевам дека и овде исто така ќе имаме апсолутно подобра функционалност, побрз трансфер на нашите граѓани се со цел да имаме што е можно подобра комуникација како две држави. Имплементирање на оваа можност ќе продолжи и понатаму со Република Србија и со Република Албанија, така да ќе овозможиме буквално на сите оние граници на коишто е возможно, да го имплементираме во најкус можен рок се со цел граѓаните во Балканот да може да комуницираат, да се движат и ги остваруваат сите оние права најбрзо што може, истакна Панче Тошковски.

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити оцени дека меѓувладината седницата која ја имаа двете држави е основата за оваа достигнување.

-Ако имавме дилеми за Блаце дали ќе функционира успешно, бидејќи правеа споредби со а со системот во Табановце и во други гранични премини, сведоци сме дека Блаце најфреквентниот граничен премин од долги редови долги, долги чекања и жалење на граѓаните денес е по европски стандарди се чека минута-две. Очигледно покажуваме дека сме посветени затоа што сме избрани да сме во функција на граѓаните, во функција на олеснување на нивното движење. Како што беше со Блаце, сега сигурно и сега и Тетово ќе биде поблиску до Приштина и обратно, истакна Изет Меџити.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла истотака посочи дека соработка на двете полициски и царински служби ќе овозможат полесно движење на граѓаните од обете страни на границата.

ИЗДВОЕНИ