сабота, февруари 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почнува забраната за спортски риболов во водите на НП „Маврово“

Почнува забраната за спортски риболов во водите на НП „Маврово“

69

Завршува сезоната за спортски риболов во водите на територијата на Национален парк „Маврово“ за сезоната 2024/2025 година. Поточно, од 02.11.2025 година, Националниот парк „Маврово“, воведува забрана за спортски риболов во следниот период, која ќе трае до 31.01.2026 година.

– Забраната се однесува на сите води на територијата на Националниот парк „Маврово“, и тоа: на Мавровско Езеро и на реката Радика со сите нејзини притоки. Овој период е наменет за заштита и за обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони – соопштија од НП „Маврово“.

Новата сезона за спортски риболов ќе започне на 01 февруари 2026 година.

Од НП „Маврово“ им се заблагодаруваат на сите спортски риболовци за разбирањето и за придржувањето кон оваа одлука, со што се придонесува за заштита на природното богатство во овој национален парк.

 

ИЗДВОЕНИ