Општина Кратово ги известува жителите и сите учесници во сообраќајот дека од денеска ќе започнат градежни активности за реконструкција на дел од регионалниот пат Р2247 (Татомир – Туралево), на потегот од селото Сакулица кон селото Филиповци во должина од околу 5 километри.
Заради непречено и ефикасно изведување на градежните работи, патот ќе биде затворен за сообраќај секој ден (освен недела) во периодот од 09:00 до 16:00 часот.
Од Општината апелираат до локалното население и до сите граѓани кои се движат по овој патен правец да го планираат своето движење навреме, односно пред 09:00 часот или по 16:00 часот со посебен акцент на движењето низ селото Сакулица, каде што ќе се одвиваат најинтензивните активности.












