среда, јануари 28, 2026
Дома СКОПСКА Почнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар 

Почнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар 

14

Во Скопје ќе се реализира уште еден проект за унапредување на јавниот простор и спортската инфраструктура. Почнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на реката Вардар.

Ова го најави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, по обиколката на кејот, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски.

Тој информираше дека проектот опфаќа изградба на нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и кошарка, како и современи фитнес-зони на отворено, со цел создавање здрави навики, активен живот и еднакви можности за сите генерации. 

Наведе и дека паралелно ќе бидат унапредени и ставени во функција и спортските терени во Маџир Маало, како дел од визијата за рамномерен развој и инвестирање во здравјето на граѓаните и во иднината на Скопје.

– Со реконструкција на спортските терени, овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации. Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба, заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортски терени значи инвестирање во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје. Нашата визија е да обезбедиме современи и достапни спортски терени во сите општини на град Скопје. Рамномерен развој, еднакви можности и активен живот за секој скопјанец, без разлика каде живее – нагласи Ѓорѓиевски. 

 

 

ИЗДВОЕНИ